-->
-->
Драма кај Сити Мол, нападнат млад скопјанец додека се возел со девојката
-->

Синоќа во 23.20 часот во ПС Карпош, Д.Б. (19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.25 часот, додека управувал патничко возило „Форд Ескорд“ со скопски регистарски ознаки, од страна на неколку непознати лица имало обид за насилство врз него.
Во наведеното време, додека го управувал возилото, во кое на задното седиште како сопатник била Н.Н. (18) од нас.Нерези-Скопје, забележал како позади него се движи „Форд Ескорд“ со тетовски регистарски ознаки од кое му биле давани светлосни сигнали. Кога пристигнал во близина на ТЦ-Сити Мол, бил престигнат од наведеното возило кое му го блокирало патот.
Од возилото излегле неколку непознати лица. Возачот, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека пак друго лице, држејќи дрвена палка во рацете, се обидел да ги отвори останатите врати од возилото на Д.Б..
Во еден момент Д.Б. успеал да избега со возилото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска