-->
-->
Драма и пукање во Скопје
-->

Во 17 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден откако полициски службеници од Неготино се обиделе да сопрат две возила во кои наводно се превезувале мигранти, истите не застанале и продолжиле кон автопат Велес-Скопје кај Штипска петља, каде биле поставени патроли од полицијата.
Според податоците, било сопрено возило Мерцедес, додека второто возило марка Ауди со Швајцарски регистерски ознаки, продолжило да се движи со голема брзина кон Скопје. При тоа, еден од полицајците поради заплашување испукал 2-3 куршуми од автоматска пушка, додека лицата од мерцедесот, 38-годишниот Мемеди С. од Скопје и совозачот Шакири Б. биле приведени.
Околу 18 часот и 40 минути од страна на СВР-Скопје, во близина на клучката Илинден, приведени се лицата Абдула Ф. и Зејнел З. од Скопје.
Едниот од нив имал влезно излезна рана во пределот на абдоменот и е пренесен на Ургентен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар