-->
-->
ДРАМА: Братот на Новак Ѓоковиќ бил во авион кој летал за Брисел!
-->
![]()
Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, требало да слета на аеродромот во Брисел, кој утринава го потресоа две експлозии, поради што неговиот лет бил пренасочен.
Најмладиот од браќата Ѓоковиќ за ситуацијата се огласил преку Twitter: „Требаше да слетаме на аеродромот во Брисел, кога не пренасочија поради експлозијата. Слетавме на друг аеродром недалеку од Брисел”.
Тој потоа исто така на Twitter напишал дека покрај аеродромот е затворен и автопатот кој води кон Брисел, а дека нешто подoцна бомба експлодирала и во бриселското метро.
„Целиот град е затворен, воопшто нема никаков сообраќај”, напишал помладиот Ѓоковиќ.
За потседување, во раните утрински часови во вторникот, на аеродромот во Брисел експлодирале две бомби, а според извештаите на светските медиуми загинале најмалку 17 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
