Свет
26. February 2021 - 9:07

Драги: Сакам координирана акција на ЕУ за побрза вакцинација

Италијанскиот премиер Марио Драги синоќа изјави дека од Европласта унија очекува координирана акција за забрзување на кампањата за вакцинација против Ковид-19.

Во изјавата лиферувана за време на самитот на лидерите на ЕУ, пренесена од британските медиуми, новиот италијански премиер кажа дека „не треба да има оправдување” за компаниите што не успеаја да ги достават ветените вакцини.

Драги, исто така, кажа дека во иднина можеби ќе треба  и се даде предност на првата доза од вакцинирањето, место да задржуваат дозите за препорачаните ревакцинации, како што е принципот во моментов.