ДП: Албанија и Косово да сторат се за успешен референдум во Македонија
– Најголемата албанска опозициска партија, Демократската (ДП), побара од Албанија и од Косово „да сторат се за позитивен резултат на референдумот во Македонија кој е од огромно значење за оваа земја“.
Пренесувајќи го партискиот став, актуелниот пратеник и поранешен шеф на дипломатијата,Тритан Шеху, изјави дека албанскиот фактор на Балканот треба „да влијае на позитивниот резултат на референдумот што ќе се одржи на 30 септември“.
- Албанија, Косово и целокупниот албански фактор во регионот треба да бидат активна страна за да помогнат да се постигне позитивен резултат, кој е од витално значење за Македонија, смета Шеху, кој е и најсериозен кандидат за иден градоначалник на Тирана.
Тој додаде дека оние кои сакаат да го „поткопаат" референдумот се оние кои со години создадоа многу вештачки проблеми со Грција, со Брисел и со НАТО, за да ги подигнат пречките во интегративните процеси, за кои нема прошка и кои денес и понатаму се обидуваат да ја стават својата земја некаде далеку на Исток, дури и за интерес на трети земји.
Пртетходно и шефот на албанската држава Илир Мета ги повикува сите Албанци во Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласаат за договорот, за отворање на ново поглавје не само во корист на интеграцијата на Македонија, туку и нивната иднина во оваа земја.
Тој верува во успехот на рефенредмот што, според него, ќе биде победа на европските и евроатланските интегративни сили и дух, наспроти „архаичните, антиевропски и анти-НАТО тенденции не само во Македонија, туку и низ целиот наш регион“.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
