Дознал дека жена му го изневерува па го повикал нејзиниот љубовник: Добила немилосрден ќотек од двајцата
Невенчан сопруг и љубовник заеднички нападнале и нанеле физички повреди на жена со иницијали А.Р. (21), а овој необичен случај се случил вчера во Цазин, Босна.
Полициската станица во овој град добила анонимно јавување за вербална расправија во која учествувале споменатите А.Р. нејзиниот невечан сопруг А.Б. (26), како и лицето Ш.П. (23) со кој споменатата женска личност била во љубовна врска.
Инцидентот се случил откако сопругот открил дека неговата сопруга има љубовник, па одлучил да го повика за заеднички да ја решат оваа работа.
Средбата се случила пред зградата во која живее невенчаниот брачен пар, а по вербалната расправија меѓу двајцата мажи тие заеднички почнале да ја тепаат А.Р. задавајќи и повеќе удари во главата.
На лице место по повикот веднаш пристигнала полицијата, па жената е пренесена во локалната болница каде и се констатирани лесни телесни повреди. Двајцата мажи се сослушани и осомничени за кривично дело насилничко однесување.
А.Р. со невенчаниот сопруг има две малолетни деца, а со љубовникот била во паралелна врска околу една година.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници