Македонија
22. October 2020 - 16:32

Доживотен затвор за серискиот убиец од Струмица

55 годишниот Марјанчо Велев од селото Добрејци кој беше обвинет за две убиства извршени skoro на идентичен начин е осуден на доживотен затвор. Основниот суд во Струмица денеска го осуди и за убиството на  струмичанецот Александар Мицев, чие тело исто како и на Ристо Иљашев беше пронајдено во водите на браната Турија.

Според обвинителството во Струмица, обвинетиот Велев убиство го извршил на 9 октомври во 2018 година при што од зад грб пукал со огнено оружје со два куршума во главата на Мицев чие тело  беше пронајдено на 5 август минатата година. 

Во образложението на пресудата стои  дека е применет  член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев.

На почетокот од судењето кое започна на 7 овој месец обвинетиот Велев пред судот се изјасни дека не се чувствува  za виновен за делото за кое е обвинет.

Неколку месеци претходно, односно во февруари годинава судот во Струмица на Марајанчо Велев му изрече казна затвор од 20 години за убиството на струмичанецот Ристо Иљашев чие тело беше пронајдено во метално буре во водите на брана Турија.