Дождот не ги спречи верниците масовно да дојдат во Рајчица
Познатиот дебарски манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Рајчица, денеска го одбележа празникот посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов, кај народот познат како Крстовден.
Оваа манастриска слава е поврзана со денот кога пред петнаесеттина години почна возобновувањето на конаците. Симболиката на тој ден беше уште поголема, бидејќи, според преданието, токму на Крстовден биле поставени темелите на стариот претходен манатир.
Со архиерејската литургија чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. И покрај дождот, во манастирот, кој е еден од најубавите на Балканот, престојуваа околу илјада верници од сите делови на Македонија.
Во овој манастир 179 години се чува дел од крстот на кој е распнат Исус Христос и на кој верниците традиционално му се поклонуваат.
Овој божји храм е основан во четиринаесетиот век, а манастирските конаци се изградени 1835 година. Негов патрон е Ѓурѓовден, но свечено се одбележува и Крстовден, денот кога почнала обновата на разурнатите конаци.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат