-->
-->
Дождот ги изненади Скопјани
-->
Дождот ги изненади Скопјани. Родителите и децата, како и младите кои излегоа да прошетаат на сонцето, брзо се разбегаа откако почна да врне пороен дожд.
Инаку, времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен западен и југозападен ветер, повторно поизразен во западните делови, особено на повисоките места и планините, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/ч. Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Од понеделник правецот на ветерот ќе се промени во северен и температурите ќе опаднат, па во вторник се очекува да се движат од 15 до 22 степена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен