Македонија
14. May 2016 - 14:48

Дождот ги изненади Скопјани

Дождот ги изненади Скопјани. Родителите и децата, како и младите кои излегоа да прошетаат на сонцето, брзо се разбегаа откако почна да врне пороен дожд.

Инаку, времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен западен и југозападен ветер, повторно поизразен во западните делови, особено на  повисоките места и планините, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/ч. Попладне ќе има  локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Од понеделник правецот на ветерот ќе се промени во северен и температурите ќе опаднат, па во вторник се очекува да се движат од 15 до 22 степена.