Доставени девет понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“

Девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола“ и осум понуди за РЕК „Осломеј“. Понуди се доставени од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.
– Во прва фаза утврдено е дека за „Осломеј“ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК „Битола“, понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, изјави Ковачевски.
Тој најави дека следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават, а потоа ќе биде донесена одлуката за избор.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
