-->
-->
Доставени 2.060 пријави за гласање во дијаспората, најмногу во Љубљана
-->

Вкупно 2.060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство заклучно со денеска до 12 часот, доставени се до Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.se c.mk.
Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана - 172, во Лондон - 114, во Торонто - 111, Канбера 88 итн. Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина - по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха - по две пријави.
Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.
Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 428, следат Струмица - 420, Карпош -375, Радовиш - 240 и во Охрид - 235.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список, наведуваат од Државна изборна комисија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со „Б“ категорија возачите ќе можат да управуваат мотоцикли до 125 кубика, поднесен предлог закон
-

Босанец издава балкон со поглед на стадионот во Зеница за Босна – Италија, му нуделе „Лада Нива“, тон компири...
-

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец
-

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
-

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
-

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација
