Доскоцил: Мораме да се сконцентрираме на Балканот
Австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил се заложи за доследно спроведување на граничните контроли, како во Австрија, така и во нејзините соседни држаби, како една од мерките за справување со бегалската криза.
- Мораме да дејствуваме, бидејќи повеќе не можеме да чекаме на европско решение. Неопходно е да се сконцетрираме на Балканот, изјави Доскоцил за австриското радио О1, најавувајќи дека ќе предложи испраќање австриски војници на границата меѓу Македонија и Грција.
Тој оцени дека повеќе не смее да се повтори истата грешка и Австрија да чека преземање мерки на европско ниво, како што направи минатата година.
- Потребно е што поскоро да се воведеат гранични контрола во Австрија, но и во соседните земји, бидејќи на краток и на среден рок не е можно поинакво решение (за бегалскиот прилив), истакна Доскоцил.
Австрискиот министер во изјавата посочи и дека е исклучително важно да им се пружи подршка на Македонија и на Србија во спроведувањето на граничните контроли, а ако е потребно и за „затворање на границите“.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ