Македонија
22. August 2019 - 16:20

Досие Катица Јанева: Од најмоќен обвинител до притворското одделение во Шутка за 4 години

Катица Јанева завршила правен факултет во 1989 година со просек 6,24. Кариерата ја започнала како стручен соработник во судот во Гевгелија пред 21 година, а во 2010 е избрана за шеф на гевгелиското основно јавно обвинителство. Најпознат предмет на кој работела за македонската јавност беше случајот со Спаска Митрова и нејзината ќерка, но никој го немаше слушнато нејзинот име до пред 4 години. Во 2015 како што изјави сама аплицирала за шеф на новоформираното обвинителство. На големо изненадување, но со подршка од меѓународнните и домашните политичари после долгите преговори во Пржино истата година на 15 септември во Собранието едногласно е избрана за шефица на СЈО.

-Им благодарам на сиите политичари, им блчагодарам на сите меѓународни фактори кои застанаа зад мојот избор на специјален јавен обвинител, изјави на 16 септември 2015 година.

Катица Јанева и СЈО  станаа симбол за правда кај поголемиот дел од јавнноста. Особено учесниците во Шарената револуција тогаш гледаа голема надеж во новоформираното обвинителство.

Подршка на Јанева тогаш и дадоа и Заев и Груевски

Еден месец подоцна го формираше тимот кој прво броеше 14, а по кратко време отпушти 2 обвинителки.

-Јас сум таа која одлучува кој и како ќе работи во СЈО, изјави во 2016 Катица Јанева.

На прес конференциите на кои ги образложуваше отворените истраги произлезени од прислушуваните материјали најчесто се појавуваше со обвинителките Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи кои пак наместо Јанева одговараа на новинарските прашања.

Во октомври 2016 Јанева беше спречена да влезе во МВР

-Отвори, отвори, отвори..... велеше на 20.10.2016 година пред портите на МВР Катица Јанева.

Истата 2016 година за време на обрзложувањето на извештајот за работата на СЈО пред пратениците револтирано ја напушти комисиската расправа.

-Сега ќе си одам и ќе дојдам само на пленарната седница, изјави на 26.09.2016 година.

Катица Јанева во интерјву откри и дека планира да се вклучи во политиката.

-После 5 години можеби ќе се заситам од оваа работа, би сакала да се обидам во политиката како градоначалник на Гевгелија.

2 месеци пред да биде обелоденета аферата “Рекет” Катица Јанева изјави дека немоѓат нејзе да ја сменат.

-Не можат мене да ме сменат како мислите да ме сменат, изјави на 14 мај 2019 Катица Јанева.

На 15 јули истиот дена кога беа приведени Бики 13 и Зоки Кичеец Јанева си поднесе оставка од шефица на СЈО се додека не биде избран нејзин наследник. Потоа замина на боледување, па на одмор. Кога се врати имаше изјава во обвинителството каде негираше инволвираност во Рекет, но не дозволи прашања за новинарите. Дека не се чувствувала виновна рече и во нејзиното последно обраќа во јаноста, пред да ја уапсат кога беше во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ден потоа Катица Јанева доби 30-дневен притвор во Шутка.