-->
-->
Досега вакцинирани 45 илјади граѓани
-->
Според официјални информации од Министерството за здравство до сега вакцинирани се 45 илјади граѓани, а околу 192.000 имаат искажано заинтересираност за вакцина против Ковид-19 на vakcinacija.mk.
Според најавите на Министерството за здравство во среда на 28 април се очекува да пристигне првата поголема количина на вакцини односно 200.000 дози вакцини од кинески Синофарм. Со тоа и официјално ќе почне масовната имунизација која што ќе се врши во шест поголеми градови.
Во моментов вакцнинација се врши со АастраЗенека, Фајзер и Спутник, а во текот на денот се очекува да пристигнат од 5 до 7 илјади дози вакцини на Фајзер. Инаку во саботата пристигнаа и 20 илјади дози вакцини Спутник В кои ќе се употребат за ревакцинација на медицинските лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
