Досега најмалку седум жртви на ураганот „Ирма“

Најмалку седум лица загинаа откако ураганот Ирма ги погоди Карибите, оставајќи зад себе пустош и причини голема материјална штета.
- Ураганот Ирма го уништи карипскиот остров Барбуда и предизвика штета, која засега се проценува на околу 150 милиони долари или 10 проценти од бруто-домашниот производ во земјата. изјави премиерот на Антигва и Барбуда, Гастон Браун.
Во налетот на ураганот, на Барбуда загина најмалку едно лице.
- Од моите лични набљудувања, направени за време на лет во текот на катастрофата, можам да ве уверам дека 90 проценти од зградите и имотите на островот се оштетени во некоја форма, некои се целосно уништени, а островот е практично несоодветен за живот. За негова обнова ќе бидат потребни неколку години, изјави Браун.
На островот има само околу 1.500 лица, но тој е „туристичка порта“ до најживописните и чисти одморалишта и плажи на Карибите.

Властите информираат дека островот Сент Мартин е речиси целосно уништен, каде загинаа најмалку шест лица. На овој остров во прекин е снабдувањето со електрична енергија, додека на францускиот остров Сент Бартис, комуникациските системи се во дефект. Во францускиот дел на Сент Мартин живеат околу 40.000 лица, речиси ист број колку и на холандската страна на островот.
Холандскиот министер за внатрешни работи Роналд Пластерк изјави дека штетата предизвикана од ураганот на тој остров е „огромна“, но не е познато во колкав обем поради прекинот на комуникациите.

„Ирма“, која достигна петта категорија, мина северно од американската територија Порторико, каде над половина од тримилионската популација е без струја. Ураганот донесе обилни дождови, проследени со силен ветер. Властите најавија дека нема да има струја неколку дена.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на Флорида, Порторико и Девствените Острови, каде се очекува на мине разурнувачкиот ураган.
Националниот центар за урагани соопшти дека се зголемени шансите Флорида директно да биде погодена од „Ирма“ во текот на викендот.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
