Дополнувања на Законот за катастар на недвижности за помош на семејствата од поплавените подрачја
Со дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, кои беа на дневен ред на денешната собраниска седница, ќе им се излезе во пресрет и ќе се помогне на семејствата од поплавените подрачја.
Со дополнувањата се овозможува Агенцијата за катастар на недвижности да може да изготвува бесплатни геодетски елаборати за легализација на објекти за семејствата во подрачјата за кои е донесена одлука за постоење кризна состојба. Исто така, се овозможува Агенцијата за катастар на недвижности да изработува бесплатни геодетски елаборати за легализација без надоместок и за лицата кои претрпеле штета во елементарни непогоди или други несреќи во услови кога било утврдено постоење на кризна состојба.
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дополнувања ќе бидат од огромно значење и значителна поддршка за семејствата кои пред еден месец беа погодени од невремето.
- Ова претставува само една од мерките кои досега ги преземавме и се уште ги преземаме со цел што полесно да се надмине оваа тешка состојба и побргу да се санираат штетите и последиците од големата временска непогода која ги погоди жителите на скопското подрачје, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот