Дополнителни субвенции за свињарството

Поради зголемениот увоз од Србија и нарушувањето на пазарот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава, преку Програмата за директни плаќања, планира да обезбеди дополнителна поддршка во свињарството.
Како што вели ресорниот министер Михаил Цветков, дополнителните субвенции се предлагаат за да се зачува секторот.
- Во периодот од октомври до мај, кога ќе има пад на побарувачката на свинско месо, ќе обезбедиме дополнителни субвенции. Ако грлото е тешко над 120 килограми, одгледувачот ќе добие плус 1.000 денари. Поддршка ќе се дава и за чувањето на месото во ладилници, односно за тоа, државата ќе ги плаќа трошоците, објаснува министерот.
За нарушувањето на пазарот Цветков веќе имал средба со амбасадорката на Србија, а ова прашање планира да го предочи на претстојниот ЦЕФТА состанок.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
