Бизнис
19. July 2016 - 19:43

Дополнителни субвенции за производителите на оризова арка

Уште 10 дена  им остануваат на оризопроизводителите да го предадат оризот во откупните центри. По ова ќе можат да земат дополнителни субвенции од државата. Со новата мерка што ја усвои Владата, земјодлеците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм  кај откупувачите.

Дополнителна субвенција ќе добијат и земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари. На нив ќе им бидат исплатени 4 денари за килограм. Додека пак производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.

Како што претходно соопштија од ресорното Министерство,  одлуката арпата да се предаде до крајот на месецот е со цел да се продадат количините останати од ланската реколта. Се со цел поспокојно да се пречека новата реколта за 3 до 4 месеци и да се поттикнат производителите да ги предадат количините кои ги чуваат во своите амбари.

Производителите по предавањето на залихите, најдоцна до крајот на август,  со целата документација треба да се пријават во подрачната единица на Министерството и да аплицираат за добивање на дополнителни субвенции.