-->
-->
Дополнителни прегледи за оние кои купиле лекови против треска и кашлица во провинцијата Хубеи
-->
Кинеските граѓани кои купиле лек против треска и кашлица во провинцијата Хубеи, ќе бидат на дополнителен преглед, соопштија денеска локалните власти.
Здравствените работници ќе соберат лични информации за оние кои набавиле лек за треска од 20 јануари, без оглед дали е набавен преку интернет или во аптека, и ќе бидат подложени на дополнително тестирање за новиот коронавирус и евентуално ќе бидат во карантин, јави Си-Ен-Ен.
Се додава дека ќе бидат проверени и граѓани кои имаат симптоми на треска додека побарале медицинска помош во провинцијата Хубеи од 20 јануари.
Тие нови мерки ќе стапат на сила веднаш, и подразбираат аптеките да обезбедат идентитет на лицата што го купиле лекот против треска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток