Дополнителна едукација и користење современа технологија на геодетите
Со промоција на монографија за развојот, состојбите и предизвиците на геодезијата и катастарот денеска беа одбележани 70 години од формирањето на Геодетската управа во Македонија, 40 години од Вишата геодетска школа на Градежниот и 10 години од функционирањето на приватната геодетска пракса.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на обележувањето на јубилеите укажа на потигнатиот развој во оваа област потенцирајќи дека во 1947 година е почната регистрација само на земјиштето и оти денес по 70 години во Катастарот се регистрираат и зградите, вредностите на недвижностите, градежното земјиште.
- Денес по 70 години примарниот и секундарниот бизнис процес на Агенцијата за катастар на недвижности 100 проценти исклучиво го работи по електронски пат, а комуникацијата со професионалните корисници е 60 проценти електронски, рече Трпески.
Како што истакна претседателот на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи Горан Јовановски, клучни предизвици за приватните геодети во наредниот период ќе бидат дополнителна едукација и употреба на современи технологии во прибирањето на просторните податоци.
Повеќе од 90 проценти од геодетските инженери во Македонија се студенти на Градежниот факултет, што, според деканот Дарко Мославец, покажува дека високото геодетско образование претставува значаен сегмент од целиот наставен процес на тој факултет. - Тоа треба и понатаму да се развива и да се следат сите најнови научни сознанија од областа на геодизијата и кадарот кој ќе излегува ќе биде образуван на светско ниво и ќе може да се носи со кој било геодетски инжинер во светот, рече Мославец.
Монографијата по повод трите јубилеи ја изработија 35 државни службеници, професори од Градежниот факултет, геодетски инжинери од Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи.
Во монографијата во 12 поглавја е разработен историскиот развој, 40 години високошјолксо образование, основните геодетски работи, државен премер и катастар на недвижности, фотогеометрија, картографија, ИКТ, националната инфраструктура на просторни податоци, инфраструктурниот катастар, масовната проценка на недвижности, 10 години приватна геодетска пракса...
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка