Допис од Катругалос за кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско -јонската иницијатива
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, со допис до надлежните европски комесари, соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско –јонската иницијатива.
- Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, со допис до надлежните комесари за проширување, Јоханес Хан и за регионална политика, Корина Крецу, ја објави намерата на Грција да ја поддржи кандидатурата на ПЈРМ во рамките на стратегијата на Европската унија за Јадранско –јонскиот регион (EUSAIR), пишува во соопштението од грчкото МНР.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во кусото соопштение, од Министерството за надворешни работи на Грција, потсетуваат дека во иницијативата вклучени се Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а соработка се реализира преку четири столба кои се однесуваат на синиот раст, односно растот во морските и поморските сектори, поврзувањето, односно транспорт и енергетика, животна средина и туризам.
Грчката поддршка за македонската кандидатура во Јадранско –јонската иницијатива, беше договорена и соопштена на средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, како една од двете отстапки што ќе ги направи официјална Атина.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
