Донирана нова компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“
Нови 20 десктоп компјутери, два ТВ уреда и два печатача, како и опрема за безжичен интернет и пакет услуги од Македонски Телеком доби читалната во реновираниот блок „Б“ на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Опремата во вредност од над 900.000 денари е донација од Македонски Телеком.
На претставувањето на новата дигитална читална присуствуваа заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски и директорот на стратегија и корпоративни комуиникации во Македонски Телеком Климентина Тунтева Кржаловска.
Спиро Ристовски изрази задоволство што една од најголемите компании во Македонија одлучи да донира опрема за потребите на студентите, кои се нашите идни генерации и на кои тоа најмногу им е потребно.
- Со оваа донација Макеоднски Телеком покажува дека е исклучително сериозна, општествено одговорна компанија и верувам ваквиот позитивен пример и другите компании од бизнис заедницата ќе го следат и ќе помогнат во делот на општествено одговорно спроведување на активностите кои значат подобрување на стандардите на функционалноста и секојдневието на студентите, рече Ристовски.
Посочи дека Министерството за образование и наука ќе продолжи со реализирање на голем број активности за подобрување на целокупната инфраструктура во овој студентски дом и во останатите студентски домови во земјата.
Кржаловска посочи дека основниот мотив за донацијата е поддршката на младите, образованието и унапредувањето на информатичкото општество, како и дека со опремувањето на читалната студентите добиваат современо катче за учење, информирање и дружење.
Ново на Сител
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија