-->
-->
Донесена одлука за исплата на сите заостанати плати на вработените во Национални шуми
-->
Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми.
На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и повеќе кадровски решенија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР