Кошарка
12. April 2022 - 8:42

Дончиќ се повреди пред стартот на плејофот

 Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ заработи повреда пред почетокот на НБА плејофот, објави „ЕСПН“.

На 23-годишниот Словенец му беше извршен преглед со магнетна резонанца, при што беше откриено истегнување на мускул на потколеницата на левата нога.

Тој се повреди на натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Сан Антонио (130:120) одигран вчера.

Времето за закрепнување не е прецизирано, но Далас очекува дека кошаркарот ќе може да настапи на првиот натпревар од првото коло од плејофот против Јута, кој ќе се одигра на 16 април.

Во тековната сезона, Дончиќ настапи на 65 натпревари, со просек од 28,4 поени, 9,1 скока и 8,7 асистенции по натпревар.