Донација за семјствата на загинатите припадници на МВР од настаните од 9 и 10 мај во Куманово
Семејствата на осумте загинати припадници на МВР од настаните од 9 и 10 мај во Куманово, добија по 90.000 денари. Средствата ги донирале збратимени градови на општина Куманово, поединци и невладини организации.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски денеска на прес-конференција изјави дека заедно со престваниците на невладината организација „Мајка“ од Куманово оставриле средба со членовите на семејствата на загинатите припаадници на МВР.
-Денеска, остваривме средба со членовите на семејствата на загинатите припадници на МВР од немилите настани од 9 и 10 мај. На иницијатива на невладината организација „Мајка“ од Куманово, собраните средства од збратимените градови на општина Куманово и невладините организации, доделени се на семејствата на загинатите припадници, истакна Дамјановски.
Тој изрази почит кон загинатите припадници на македонската полиција и благодарност до збратимената општина Бијелина која уплатила најголем фонд на парични средства по настаните од 9 и 10 мај.
Од невладината организација „Мајка“ изјавија дека донацијата се спроведува во пресрет на националниот празник Илинден.
-Знаеме дека не може да се надополни нивната загуба, но се надеваме дека со овие средства ќе задоволат одредена потреба. Голема благодарност до општина Бијелина која уплати парични средства на жиро сметката на „Мајка“ кои наменски ќе се искористат, изјави претседателката на организацијата, Лидија Илиевска.
Илиевска се заблагодари на општина Куманово за овозможените контакти со збратимените градови како и на поеднците и донаторите за семејствата на загинатите припадници на МВР.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц