Донација од 200.000 денари за две народни кујни во Скопје

Народната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ и хуманитарно здружение „Хилал“ денеска добија по 100.000 денари, донирани на хуманитарниот „Светски пикник“ што го организираше изминатиот викенд Советот за странски инвеститори при Стопанска комора Македонија.
Претседателот на Советот на странски инвеститори Петер Штефан истакна дека е најважно што собраните пари ќе ги добијат граѓаните на кои храната им е најпотребна во двете народни кујни кои функционираат во Скопје. - Се надеваме дека овие средства за нив ќе бидат добредојдени и во иднина ќе креираме слични поводи за вакoв тип настани, изјави Штефан.
Отец Костадин Малинов од народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле, заблагодарувајќи се за донацијата, рече дека средствата ќе ги искористат за сите неопходни прехрамбени производи со кои ги згрижуваме секојдневно нивните штитеници.
Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација „Хилал“ истакна дека секоја помош за е добредојдена и изрази надеж дека настанот ќе послужи како пример и за останатите компании и организации во општеството“.
Со хуманитарниот пикник во Градскиот парк во Скопје, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија го одбележа 10 годишниот јубилеј.
Ново на Сител
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
-

Николоски во Кисела Вода на увид во реконструираната улица „Лазар Димитров"
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
-

Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале
