Дона Петрова избрана за претседател на студентите на Битолскиот универзитет

Дона Петрова, редовен студент на Правен факултет е избрана за претседател на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. На изборното Собрание избрани се и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание.
-Имаме Програма со која ќе ги мотивираме студентите подобро да се искажат, да ги кажат проблемите, да соработуваат со студентскиот правобранител и да учествуваат во проекти со кои ќе се истакнат во иднина, посочи Петрова по изборот за студентски лидер.
Според проекторот д-р Марјан Ѓуровски, УКЛО прв го имплементирал Законот за високо образование и почна со новата форма на студентско организирање и избор на студенски лидер по пат на тајно гласање од претставниците на студентите на сите факултети.
Во изјава за медиумите Ѓуровски посочи дека заеднички треба да се „пробудат“ студентите и од тоа заедништво да произлезе и целта, да се задржат младите во нашата држава. Тој смета дека непосредно, преку овој активизам и организирање, може да се оствари влијание врз општествените промени и развојот врз целокупното македонско општество.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
