Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско ќе добие нови столчиња и ќе го зголеми капацитетот

Општина Градско доби пола милион денари од Министерството за култура со кои ќе набави 150 нови столчиња за замена на старите во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Општината.
Како што информира за МИА Роберт Бешовски, градоначалник на Општина Градско, сегашните 130 стари столчиња ќе се заменат со нови, а капацитетот на седишта од сегашните 130 ќе се зголеми на 150 столчиња со уште два нови реда.
-Старите столчиња ќе ги реконструираме и потоа ќе бидат пренаменети за потребите на гледалиштето во спортската сала на ООУ „Даме Груев“ во Градско и во други објекти кои се во сопственост на Општината информира Бешовски.
Инаку, Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ лоциран близу главната улици во централното подрачје на Градско и во близина на училиштето и на седиштето на Општината, е единствен со поголема сала во поширокиот регион каде се одржуваат културни и други значајни настани од сите области.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
