Домбровскис: ЕК е подготвена да ги обнови преговорите со Грција, но чека мандат од еврогрупата

Европската комисија треба да добие мандат од еврогрупата за обновување на преговорите со Грција, изјави денеска заменикот претседател на комисијата Валдис Домбровскис.
Местото на Грција е и останува во Европа, стабилноста на еврозоната не е под прашање, истакна тој, додавајќи дека се почитува демократскиот избор на Грците на вчерашниот референдум, но дека во еврозоната има 19, а не само една демократија.
- Нема лесен излез, многу време и можности беа потрошени, многу малку се добитници од сегашната ситуација, изјави заменикот претседател на ЕК, нагласувајќи дека за изнаоѓање на решение е потребно сериозно однесување од сите преговарачки страни.
Ќе биде тешко воспоставување на финансиска стабилност во Грција без постигнување на договор, без стратегија за враќање на растот и реформи, затоа Владата во Атина треба да биде искрена и отворено да и објасни на грчката јавност, која е тежината на одлуките што ги носи, истакна Домбровскис.
Според Домбровскис, Европа беше до Грција во текот на целата криза, европските даночни обврзници обезбедија финансиска помош од 185 милијарди евра и на утрешната седница на министрите за финансии во Брисел се очекува да бидат одредени следните чекори.
Заменикот претседател на ЕК нагласи дека постојат сите средства за обезбедување на финансиска стабилност во еврозоната, како и дека институциите во ЕУ се на готовност да ги искористат и спречат ширење на нестабилност.
Домбровскис затворањето на банките во Грција го оценува како нефер одлука. Според него, ЕК е подготвена да продолжи да работи со Грција, но не може да преговара за нова спасувачка програма без мандат од еврогрупата.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
