Домбровски за БНР: Бугарија може да го воведе еврото во 2024 година
Бугарија се уште работи на Планот за обновување пред да го претстави во Брисел. Ова за Бугарското национално радио го изјави потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис. Тој посочи дека земјите што ќе го испратат својот план по крајот на април ќе добијат пари најрано наесен.
Според него, процесот е веќе во тек. Сепак, бугарските власти одлучуваат кога планот за закрепнување ќе биде доставен до ЕК за одобрување.
Домбровскис беше категоричен дека треба уште да се работи на документот, особено во областа на постигнување на зелените цели, како и на прашањето за социјална инклузија. Тој повтори дека дали планот ќе се подобри и предаде сега, или од новата влада, е работа на бугарските власти.
Според него, и покрај последиците од кризата и политичката состојба во Бугарија, државата може да го воведе еврото во 2024 година.
„За планот за закрепнување и одржливост, морам да кажам дека Европската комисија работи тесно со бугарските власти за подготовка на националниот документ. Бугарија може да добие многу сериозно финансирање според планот. Зборуваме за 10,4 милијарди евра. Од оваа сума, грантовите се шест милијарди и 300 милиони евра, но мора да бидеме сигурни дека овие средства ќе бидат инвестирани на начин што ќе обезбеди одржливо и трајно економско закрепнување“.
Според него, оваа година е реална доколку бидат исполнети критериумите од Мастрихт и дополнителните обврски поврзани со подготовките.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година