Македонија
4. May 2022 - 20:29

Дома им експлодирала плинска боца, сопружници со повреди пренесени на клиника во Крива Паланка

На 03.05.2022 година во 16.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О.(62) и М.О.(66) од Крива Паланка.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.