ДОМ: Владејачките партии да покажат одговорност во преговорите

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) апелира до двете владејачки партии да покажат одговорност и сериозност во преговарачкиот процес и во интерес на граѓаните, да овозможат создавање услови за фер и демократски избори.
Само така, стои во денешното соопштение од ДОМ, ќе заврши политичката криза, по која ќе треба да започнеме нов процес на враќање на старите позиции и одење напред.
Од ДОМ изразуваат незадоволство од однесувањето на владејачките партии во преговарачкиот процес за излез од политичката криза.
- Дента кога јавноста очекуваше објава на 40.000 имиња на последен увид, владејачките партии излегоа со најнов, креативен предлог - да има трет список и сите да се сметаат за валидни!? Во превод, тоа значи да можат и на следните избори да се повторат изборните манипулации!, стои меѓу другото во соопштението од ДОМ.
Во соопштението ДОМ посочува дека додека власта се занимава со избирачкиот список, Македонија губи милиони, а ја губи и својата перспектива да стане нормална држава со високи стандарди за живот.
Ново на Сител
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
-

Преглед на вестите од светот
