ДОМ не го поддржува францускиот предлог

На вечерашната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ. ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.
Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.
ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување.
Со почит,
ДОМ – Канцеларија за односи со јавноста
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
