-->
-->
ДОМ: Итни мерки против загадувањето на воздухот
-->
Со цел да се намали загадувањето на воздухот во градовите, ДОМ предлага серија итни мерки:
- Интензивни инспекциски контроли врз можните извори на штетни емисии, особено на индустријата, сервисите, дивите депонии и стрништата , од страна на државниот и локалните инспекторати.
- Набавка на опрема за снимање (телескопски камери) и поставување на високите објекти во градовите, за да се лоцираат изворите на штетните емисии, по примерот на Белград.
- Намалување на ДДВ-то за надоместокот за парно греење од 18% на 5% за да се зголеми бројот на корисници, а со тоа да се намали емисијата на РМ 10 честичките.
- Воведување посебна програма за квалитет на воздух во Министерството за животна средина и просторно планирање (со посебна буџетска ставка), за да се обнови мрежата на мониторинг станици, да се опреми акредитирана централна лабораторија и др. активности.
- Субвенции на домаќинствата за топлински пумпи, инвертер клима уреди и други чисти технологии.
- Замена на греењето со нафта во градинките, училиштата, здравствените и други јавни објекти со греење на гас, топлински пумпи и други чисти технологии.
- Воведување добра градежна пракса во градежништвото (оптимизација на работата на машините заради заштеда на горивото; покривање на песок и чакал со фолија; прскање со вода; миење на гумите на возилата и друго). Во деновите со екстремно загадување да се стопираат градежните работи во градовите.
- Во сообраќајот да се поттикне користењето на јавен транспорт преку:
- набавка на нови автобуси и воведување нови линии
- намалување на цената на месечен автобуски билет во зимските месеци за 50% и воведување на “зелен” дневен билет што важи за сите правци
- зголемување на цената за паркинг во општина Центар за 100%
- воведување на зонско паркирање и наплаќање на паркинг во сите општини
- подобрување на проточноста на сообраќајот и намалување на времето на чекање на раскрсници преку воведување на приоритетна лента за автобуси и управување со семафорите.
- Редовно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите сметлишта од страна на јавните комунални претпријатија.
Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира до граѓаните:
- да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво или медијапан
- да користат јавен градски транспорт и велосипеди
- при превоз со автомобил, да користат споделен превоз (повеќе патници во еден автомобил).
Сектор за односи со јавноста ДОМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата
-
Милер го напушта Баерн по 25 години минати во клубот
-
Мицкоски на ПС НАТО: Да се размисли за механизми со што нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел
-
Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково
-
Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, САД ја зголемува помошта на девет милиони долари
-
Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија
-
Редовен годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО
-
Управителот на „Пулс“ е 60-тата жртва во пожарот, во подготовка втората и третата фаза од лекувањето на повредените