Свет
16. July 2015 - 8:45

Долниот дом на јапонскиот Парламент ги усвои законите за измени во одбранбената политика

Долниот дом на јапонскиот Парламент ги усвои законите за драматичните измени во одбранбената политика, со кои се прошируваат овластувањата на јапонската армија - Силите за самоодбрана.

Опозицијата го бојкотираше гласањето во Парламентот.

Предлог-законите беа усвоени од Долниот дом на Парламентот, и покрај граѓанските протести и лошиот рејтинг на премиерот Шинѕо Абе.

Според критичарите на измените во одбранбената политика, ова ќе ја вовлече Јапонија во конфликти со учество на САД ширум светот и ќе го прекрши пацифистичкиот член 9 од повоениот Устав на земјата.