ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации денеска соопшти дека документирала широко распространето сексуално насилство и тортура во Украина, при што руските власти, војниците, затворските чувари и полицајците, се одговорни за 89 проценти од испитаните случаи.
– Најмладата жртва на злосторствата извршени од руските сили е четиригодишно девојче, а најстарата е 82-годишна жена, изјави раководителка на Мисијата за мониторинг на човековите права на ОН во Украина, Даниел Бел.
Тимот на Бел од почетокот на руската инвазија врз Украина, документирала 1.004 случаи на сексуално насилство и тортура. Истражителите разговарале само со дел од жртвите односно со лицата кои биле ослободени од заробеништво или пристигнале на територија под контрола на Украина. Тие немаат пристап до подрачјата под руска контрола.
Извештајот е подготвен врз основа на доверливи разговори со стотици жртви, судски записи и службени документи.
Канцеларијата на ОН документираше злоупотреби што вклучуваа силување со затворски клучеви или рачки од лопата, групно силување, тепања и осакатување на гениталиите и тортура со електрични шокови.
Поголемиот дел од жртвите беа машки притвореници. Многумина пријавија дека страдале од електрични шокови на гениталиите.
Руските воени затвореници, исто така, пријавија сексуално насилство.
Од 112 случаи на злоупотреба документирани од тимот на ОН во кои беа вклучени руски воени затвореници, половина вклучуваа закани, а не физичко сексуално насилство.
– Украина му дозволи на тимот на ОН пристап до сите логори за воени заробеници, додека Русија не соработуваше, наведе Бел.
ОН ги повика и Русија и Украина да ги истражат сите веродостојни обвинувања „брзо, темелно и непристрасно“ и одговорните да ги изведат пред лицето на правдата, без оглед на нивниот ранг или припадност.
МИА
Ново на Сител
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
