Документарни филмови од Грузија првпат на ФАДФ „Камера 300“-Битола
Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ го заврши жирирањето на пристигнатите филмови од 11 држави во Европа, а конечните резултати ќе бидат објавени кон крајот на идната недела.
Од ФАДФ „Камера 300“ соопштуваат дека годинава првпат се натпреваруваат и автори на документарни филмови од Грузија.
- Годинава жирирањето на филмовите се врши порано и е согласно пропозициите на светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА. Оваа година пристигнаа 43 филмови од 11 држави од Европа, а првпат имаме филмови и од Грузија. Јавноста треба да биде запозната дека годинава се навршуваат 70 години од формирањето на битолската Народна техника во која како едукатор бил и Милтон Манаки, и исто така се навршуваат 70 години од снимањето на првиот документарен филм под наслов „Првиот оџак под Пелистер“, изјави Стефан Хаџиантоновски, член на Советот на фестивалот.
Според востановената традиција на ФАДФ „Камера 300“ ќе бидат доделени Гран при плакета „Милтон Манаки“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, плакета за најдобра репортажа и други награди и признанија за кои ќе одлучува меѓународно жири предводено од Стефан Сидовски и членовите Недељко Деспотовиќ од Србија, Деметриос Павлидес од Србија, Венелин Грамадски од Бугарија и Мишо Нетков од Македонија.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот