Докторка загина во сообраќајна незгода на патот Скопје – Блаце
40 – годишната Моника Лукровска која работеше како доктор на специјализација загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на магистралниот пат Скопје – Блаце. Информацијата за смртта на Моника беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори.
Министерството за внатрешни работи, вчера ја пренесе веста за сообраќајката информирајќи дека едно лице е починато во сообраќајна незгода, а со телесни повреди сте здобиле уште пет лица.
„На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, стои во полицискиот билтен.
Во објавата на јавната здравствена установа каде таа работеше како доктор – специјализант се вели дека Моника била професионалец, пријател и колега со срце и милост.
„Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас. Добриот човек секогаш ќе се памти“, стои во Фејсбук објавата каде додаваат дека Моника секогаш зрачела со позитивна енергија без разлика на секојдневието.
Ново на Сител
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат