Докторка од Македонија се вакцинирала во Србија
Докторката Ирена Витановска од Македонија вчера во Бујановац примила кинеска вакцина против Ковид-19, оваа информација ја потврди докторката Витановска во интервју за телевизија Сител.
- Сѐ беше организирано. Ме примија како доктор од Македонија и без проблем се вакцинирав, рече Витановска во изјава за Сител.
Појаснува дека дека без добиен код не може да се прими вакцинита. Во однос на постапката вели дека секој што има српски документ може да се вакцинира.
- Треба да има српски документ. Јас имам српски документ зашто порано работев во Србија. И така можев да се најавам од српски телефон преку мои роднини за Институтот Торлак да ме регистрира, вели Витановска.
Откако црногорските медиуми почнаа да објавуваат дека нивните граѓани можат да се вакцинираат во Србија доколку платат околу 70 евра за доза од вакцината на Синофарм, пристигна демант од српските здравствени власти. Советникот за медиуми во министерството за здравство, Златибор Лончар вели оти тоа е апсолутно неточно.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
