Доктори отстранија граната од главата на војник
Колумбиски воени лекари успешно извадија боева граната, која при истрел сосема случајно се заглавила во главата на некој војник, јави ДПА.
Според локалниот весник „Тиемпо", инцидентот се случил за време на патрола во источниот департмент Араука, при несакана стрелба со минофрлач, кога гранатата паднала врз главата на (не)среќниот војник.
Надлежните одлучиле дека превозот со хеликоптер претставува преголем ризик, и затоа тој бил пренесен со брза помош во воена болница во Богота, главниот град на Колумбија. Патувањето траело осум часа.
Лекарите направиле импровизиран простор на паркингот од болницата за извршување на операцијата, поради опасноста гранатата да експлодира. На крајот таа сепак била успешно отстранета.
- Пет минути беа решавачки. Ако гранатата експлодираше, тоа ќе беше трагедија, рече хирургот Вилијам Санчез Малдонадо.
Состојбата на војникот е стабилна, иако сепак, му претстојат уште најмногу четири операции врз неговото лице.
Ново на Сител
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова