Свет
8. January 2021 - 10:59

Доктор починал 16 дена по примањето на вакцината против Ковид-19

Грегори Мајкл, доктор од Мајами починал по нешто повеќе од две седмици по примањето на вакцината против Ковид-19. Неговата сопруга за медиумите објаснила дека тој ја примил вакцината на 18 декември и починал 16 дена подоцна.

„Во главата постојано ми се врти дека неговата смрт е поврзана со вакцината. Нема друго објаснување“ – вели сопругата.

Таа нагласува дека Мајкл бил со одлично здравје, не пушел, ретко пиел алкохол и вежбал. Последните лекарски прегледи покажале дека е потполно здрав.

Докторот бил пренесен на одделот за интензивна нега поради лоша крвна слика по што починал од срцев удар.

Директорот на канцеларијата за медицински истражувања во Мајами вели дека смртта на Мајкл ќе биде првата која ќе ја истражуваат како можно поврзана со вакцината против Ковид-19.