Македонија
16. March 2021 - 16:36

Доктор Асани тврди дека породил машко, а Веапоска родила женско бебе

Породил женско, а во изјавата на Лекарската комора тврди дека родилката од Дебар Јлдз Веапоска родила машко дете. Веапоска се сомнева дека директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани воопшто учествувал во нејзиното породување кое резултираше со недостаок на три органи, бубрег, матка и јајник.

-На ова јас се сомневам дека д-р Мухамед Асани не бил присутен во операционата сала, како што има дадено изјава дека има машки плод. Јас се породив, имам женско дете и мислам дека тој не знае, ниту пак, ме има видено. Неговиот син, Бертон Асани, тој ме прими во болницата, тој беше во царскиот рез пред да ги затворам очите, и кога ги отворив очите исто така Бертон Асани го видов, вели Веапоска. 

Иако министерот Филипче минатата недела уверуваше дека оваа седмица ќе се знае дали д-р Асани ќе биде разрешен од директор на струшката болница, од Здравство денеска молк. До подготовка на прилогот, се уште не добивме одговор дали Асани ќе биде санкциониран.

Платформата за родова еднаквост, каде членуваат 24 здруженија излегоа со остра реакција за случајот. Бараат Јавното обвинителство да спроведе темелна истрага за да се дојде до вистината во случајот со родилката од Дебар.

-Бараме тој да добие забрана за извршување на здравствена дејност и исто така разрешување од функцијата директор се додека овој случај не добие судска разрешница. Исто така, не смееме да го заборавиме МЗ кое што треба да спроведе интерна истрага за да се видат сите пропусти сите пропусти кои што настанале во текот на нудењето на здравствена заштита од страна на институциите, вели Елизабета Божиноска од Платформата за родова.

Лекарската комора не утврди докторска грешка во случајот на Веапоска која од болница излезе без три органи.