Џет-Сет
25. November 2015 - 11:33

Доколку се прашувавте што носеше Северина под венчаницата - Еве го одговорот

 
Свадбата на Северина за која веќе со денови се пишува во медиумите, беше навистина гламурозна и весела. Иако го видовме првиот бакнеж, тангото со саканиот и свекорот, гостите, како и првата фотка по свадбата, она што не го видовме е што има Севе под фустанот. Дoлгиот и гламурозен фустан и ги криеше сандалите кои сепак не и пречеа таа постојано да игра и да се забавува со својот избраник Игор. Нејзината креаторка истакна дека се работи за сребрени сандали кои биле вртоглаво високи, во кои на врвовите од прстите танцувала со саканиот.