Доколку имало пропусти, одговорност за случајот со Мијалков ќе има, порача Заев
Реков дека одговорност за случајот со Сашо Мијалков ќе има, без разлика што со сите чекори што ги презедоа институциите го принудија да се пријави пред правдата и да го прими решението за притвор, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
– Исто така, охрабрив да продолжи истрагата за евентуална одговорност. Истрагата нормално ја водат обвинители. Логично, од средата наваму по откривањето на Сашо Мијалков, истрагата да биде распоредена кај некој обвинител, да види дали системот имал некаде слабости, некои пропусти или слично и да ги оквалификува и окарактеризира од каков тип и природа се. Тоа секако е со цел да не се повторуваат одредени слабости, доколку постоеле, нагласи Заев одговоарајќи на новинарско прашње на денешното промовирање на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје.
Тој додаде дека за тековна истрагата повеќе детали ќе може да каже Јавното Обвинителстовто, кое и го води целиот случај околу „бегството“ на Мијалков и класифицирањето и систематизирањето на неговиот имот.
Запрашан дали има „префрлање на топката“ меѓу Јавното обвинителство и одредени министри околу овој случај, Заев рече дека ЈО добило информацијата за можно бегство на Сашо Мијалков и соодветниот јавен обвинител го соопштил тоа на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на другиот министер надлежен во тој дел – министерот за правда Бојан Маричиќ.
– По информации дека е можно бегство на Сашо Мијалков, во саботата, кога веќе е тоа потврдено, јавниот обвинител се јавува на министерот за внатрешни работи, при што јавниот обвинител е самостоен во ваквата постапка. Доколку има такви информации, логичино е, како и што постапил, да бара и од самиот Суд изрекување на мерка притвор, додаде Заев, истакнувајќи дека барањето е поднесено „некаде околу 14 часот, а некаде околу 18:30 Судот носи мерка за домашен притвор“.
Околу одоговрноста на министри за целиот случај, премиерот нагласи дека Владата не испитува одговорност во сопствените редови, заради тоа што нејзините членови „може да бидат пристрасни меѓусебе“.
– Јавното обвинителство е тоа што води истрага со сите елементи. Заради тоа што тоа е независен дел од работењето на системот и за да ни покаже точно каде имало пропусти, доколу секако постоеле пропусти, додаде Заев.
Ново на Сител
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети