Доколку Германија и Шведска беа дел од САД, би биле меѓу најсиромашните сојузни држави
Истражувањето на американските економски експерти покажа дека повеќето европски земји, доколку се составен дел на САД би спаѓале меѓу најсиромашните сојузни држави, а како референтна точка е земен просечниот годишен доход на граѓаните.
Просечниот годишен доход на граѓаните во САД изнесува околу 31 илјада долари.
Од европските земји над таа бројка се наоѓа единствено Луксембург со 38.528 илјади долари, Норвешка со 35.208 и Швајцарија до 35.083, а сите останатите земји не би успеале да се пласираат меѓу најбогатите сојузни држави.
Имено најсиромашната американска држава Мисисипи со 23.017 долари просечен приход е пред Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија и Велика Британија.
Германија, водечката економска сила на Стариот континент, со просечен годишен приход од 25.528 долари е само пред девет американски сојузни држави. Државите како Колорадо со 35.830, Масачусетс со 37.626 и Вирџинија со 39.291 долари имаат поголем годишен просечен приход од Германија.
Сепак многумина оваа анализа не ја сметаат за релевантен показател на животниот стандард на граѓаните поради различните животни трошоци меѓу американските и европските држави. Имено животните трошоци во САД се мошне поголеми, отколку во повеќето европски земји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени