Македонија
26. July 2015 - 15:46

Дојран вистински туристички хит - Плажите преполни со туристи!

Дојран дефинитивно е хит за оваа туристичка сезона. Градската плажа во ова мало градче на југот на Македонија е вистински магнет за туристи. Комплетно уредена со многу содржини и изглед на кој може да му подзавидат многу морски плажи од соседството.
 
Покрај ова, Дојран е привлечен и поради ниските цени на сместувањето и она што е најважно вкусната храна.
 
Доколку го посетите Дојран и морате да го вкусите на далеку прочуениот дојрански крап.