Дојран продолжува со промотивни кампањи за привлекување туристи
На оригинален и несекојдневен начин Дојран го промовираше новото туристичко лого. Под мотото ,, Сликај се со логото на Дојран и добиј награди преку цел ден,, Дојран организираше забавен настан кој имаше за цел да го промовира новото туристичко лого, но и сите сувенири кои оваа година им ги нуди на туристите а се дел од проектот за брендирање на овој туристички центар. Во рамки на тридневната промоција за големиот број туристи беа организирани повеќе концерти како и зумба забава на плажа.
,, Секој што ќе напарви фотка и ќе ја објави на социјалните мрежи под тараба Дојди во Дојран, дојди рано или Дојран авантура ќе добие дел од промотивните материјали. Битно е да се работи на туристичката промоција пред се на такви дестинации како Дојран, на дестинации ако можам да кажам во зародиш пред се заради привлекување на голем број не само домашни, туку и странски туристи.,, вели Перо Митановски – општина Дојран
Туристите велат дека годинава се презадоволни од Дојран кој покрај новите и уредени плажи понудил и голем број забавни содржини за сите генерации кои досега ги немаше.
,, Секоја година си идеме и ни е убаво. За децата е убаво, водата е топла, плажите се средени.,, вели еден од туристите
,, Оваа година за разлика од лани има повеќе туристи, повеќе забава, поорганизирано е во Дојран и секоја вечер има нешто ново.,, вели друг турист
,, Могу е убаво. Секоја година е се поубаво и поубаво.,, вели турист
,, Супер е, оваа година може да кажам дека е доста добро во Дојран, доста е развиена сезоната има многу туристи.,, рече еден од туристите
Дојранското крајбрежје годинава е едно од најатрактивните како за домашните така и за странските туристи. Според статистиките на туристичкото биро од почетокот на сезоната овој туристички центар во просек дневно го посетуаат по околу 10 000 туристи.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
