Дојран полн со туристи
Први мај го наполни Дојран. Ниту променливото време не ги поколеба туристите дел од празничниот викенд да го поминат покрај брегот на Дојранското езеро. Традиционалните слики со скара ги немаше, но затоа шеталиштето беше полно, а во угостителските објекти и викенд куќите се се бараше место повеќе.
Според првичните проценки празничниот викенд во Дојран го минуваат над 15 000 гости.
Меѓу странските гости најбројни беа српските и бугарските државјани. Најголемиот дел од нив во Дојран доаѓаат прв пат. Задоволни од понудата велат дека ќе се вратат пак.
,, Дојдовме специјално за празникот. Доаѓаме од Бугарија и многу е убаво, многу ни се допаѓа,,. рече туристка од Бугарија
,,Многу ми се допаѓа. За прв пат сум тука, многу е убаво и затоа летото пак ќе дојдам.,, рече туристка од Бугарија
Дојран повторно стана атрактивен за туристите во последните неколку години откако се врати водата во езерото, но и поради подобрената инфраструктура и збогатени содржини во кои локалните власти интензивно вложуваат.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар