Дојран подготвува нови содржини и нова плажа долга 1 км за туристичката сезона
Дојран интензивно се подготвува за почетокот новата туристичка сезона. Туристите кои ова лето ќе дојатат тука, освен прошетките по патеката долж целото крајбрежје ќе имаат можност да рекреираат и со електрични велосипеди. За таа цел општината преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе набави 20 велосипеди, станици за полнење и информативни табли.Проектот е вреден 80 илјади евра.
Од оваа година Дојран има и ново јавно претпријатие во чија надлежност ќе биде уредувањето на паркирањето, но и целата програма со која треба да се привлечат како домашните така и странските туристи.
Во меѓувреме се работи на уредување на постоечките, но и на уште една нова плажа на потегот кон границата со Грција, локација која во минатото била една од најатрактивните. Според најавите плажата ќе биде долга околу еден километар.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар